Loading Video...
Ф1
12. јуни 2020 - 14:08

Откажани уште три трки во Формула 1

Три трки помалку ќе има новата сезона во Формула 1 шампионатот. 
 
Ова денеска и официјално е потврдено на раководството на Ф1, откако дефинитивно од календарот за 2020-та отпаднаа уличните трките низ Сингапур, и Азербејџан, како и трката за Големата награда на Јапонија.
 
Како што објаснуваат од Ф1, организаторите не се во можност навреме да ги подготват патеките во Сингапур и Баку, додека рестриктивните ограничувачки мерки за патување и престој во Јапонија се причината за откажувањето на трката на „Сузука“. 
 
Така наместо предвидените 18 сезонава ќе треба да се извозат 15 трки, по услов Ф1 да не реши на некоја земја односно патека да се возат и по две трки. 
 
Впрочем, таков ќе биде и стартот на шампионатот закажан за 5 јули, кога во Австрија треба да се извози првата од двете предвидени трки. 
 
Комплетниот календар ќе биде објавен пред Големата награда на Австрија, а засега познато е дека сите први осум трки ќе се возат во Европа и тоа без публика.