-->
-->
Отказ за Ди Матео во Астон Вила
-->
Роберто ди Матео по само 124 дена доби отказ на менаџерската функција во Астон Вила. Човекот кој на Челзи му ја донесе единствената титула во Лигата на шампионите, со Астон Вила забележа само една победа.
Астон Вила, минатата сезона испадна од Премеирлигата, новите сопственици вложија 50 милиони фунти во тимот и го назначија Ди Матео за менаџер, со јасна цел екипата експресно да се врати во елитата.
Но по 12 натпревари во Чемпионшип дивизијата, Астон Вила се наоѓа блиску до дното, откако тимот на 12 натпревари забележа само една победа (13.август Ротерам 3-0).
Астон Вила во саботата загуби од Престон 0-2, а наредниот ден Ди Матео доби отказ.
Англиските медиуми шпекулираат дека најголеми фаворити за негов наследник се Стив Брус и Мик Мекарти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација