-->
-->
Отказ „вреден“ 16.5 милиони
-->
Жозе Мурињо добро го наплатил отказот во Манчестер Јунајтед. Британските медиуми објавија во четвртокот дека неколку дена по отказот Португалецот од клубот добил 16,5 милиони евра.
Ова значи дека Манчестер Јунајтед повеќе нема никакви обврски кон Мурињо, кој сега е слободен во изборот на новата работа.
„Не постои повеќе никаков проблем на релација Манчестер Јунајтед-Жозе Мурињо. Жозе е подготвен за нова работа, но не му се брза. Релаксиран е и подготвен, доколку тоа е потребно, да го чека и крајот на сезоната“, ја пренесува изјавата на близок соработник на Мурињо „Дејли Мејл“.
Жозе Мурињо доби отказ пред нешто повеќе од еден месец. Лошите резултати и нарушените односи во соблекувалната се причините поради кои клубот го отпушти тренерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени