Македонија
17. November 2019 - 17:00

Откако пропадна идејата за Дебарца, се бара нова локација за регионална депонија

Се бара нова локација за регионална депонија во југозападниот регион.По напуштањето на идејата за изградба на современ систем за управување со отпадот во Дебарца се разгледуваат можностите Охрид да го носи отпадот во Битола.

Од министерството за животна средина уверуваат дека ќе се запази рокот на Унеско за затварање на депонијата на Буково и дека до 2021 година ќе биде решен проблемот со управувањето со цврстиот отпад.

Второстепената владина комисија го поништи решението кое предвидуваше изградба на депонија во  атарот на селото Годивје,поради пропусти и отсуство од мислења на стручната јавност и Унеско,  а предметот повторно е вратен на разгледување.

Инаку, граѓаните на Дебрца остро уште на самото презентирање на проектот се спротиставија и преку протести најавија дека нема да дозволат изградба на депонија во сливното подрачје на Охридското езеро.