Живот
17. December 2017 - 9:15

Откако му родив тројка си замина со изговор дека не е спремен да биде родител

Откако му родив тројка, не остави со реченицата “Сфатив дека не сум спремен”… Плачев со денови. Мајка ми беше до мене и ми даваше утеха, и дека треба да бидам силна да ги гледам трите ќеркички.
 
Со текот на времето, со помош на моето семејство почнав да закрепнувам од болката која ми нанесе мојот сакан.
 
Девојчињата пораснаа и често ме прашуваа каде е тато. Никогаш не ми беше лесно, а секогаш им велев “ќе се врати со многу подароци”. Што можев да им кажам. Се уште беа мали. Но, како одеа годините напред тие така сфаќаа дека јас ги лажам. Кога наполнија десет години им ја кажав вистината. Од тогаш никогаш повеќе не ме прашуваат за својот татко.
 
Еден ден тој се појави пред вратата, со цел да си ги види ќерките. Додека разговарав со него, сите три излегоа и ги затворија вратата и ми рекоа да си влезам внатре со нив. Со насмевка на лицето ги послушав и му реков: “Извини душо, ама тие научија да живеат без тебе”…