Бизнис
28. April 2021 - 21:19

Откако беше усвоен петтиот пакет мерки, во УЈП пристигнаа 20.000 барања за исплата на плати

Над 20 илјади фирми поднеле барања за добивање на субвенции за плати за месеците февруари и март. Од УЈП велат дека кај најголем дел е утврдена комплетноста во докуменацијата. Бројката на барања ќе расте со оглед на тоа што  за аплицирање има уште неколку дена односно рокот е до крајот на месецов.  

Мерката е дел и од петтиот пакет кој беше заглавен речиси три месеци во собранието. Поради тоа дел од вработените беа пратени на принуден одмор и немаат примања затоа што компаниите каде што работат поради пандмеијата  без мерката немаат можност да исплатат плати. Оние кои можа да пуштат плати на вработените и сега аплицираат за мерката за да можат да им бидат вратени парите.

Сите кои аплицирале за мерката 50 отсто од парите ќе им  бидат трансформирани во грант, а доколку во текот на годината компанијата инвестира  во опрема, во тој случај целата сума која ја добиле ќе им биде неповратна.

За оваа мерка  во сите пакети имаше најголем интерес кај фирмите. Само во петтиот пакет за мерката се обезбедени над 30 милиони евра.

За истата аплицирале компании од најразлични дејности.

Наскоро треба да бидат објавени и  јавните повици  за мерките од шестиот пакет.