Македонија
30. January 2017 - 12:12

Отишол на скијање па завршил во болница - Страшна несреќа на Попова Шапка

Вистинска драма се одвивала на Попова Шапка кога 23-годишниот Д.О.од Шипковица во саботата се повредил при скијање на скијачката патека „Бабин извор“, кога префрлувајќи се од една на друга патека, загубил контрола и удрил во пластичната ограда која била поставена во близина на еден од неисправните ски-лифтови, ја пробил и завршил во челичните сајли на лифтот.
 
Повреденото момче било пренесено во тетовската клиничка болница, по што итно бил префрлен на скопските клиники. Укажана му е помош и пуштен е на домашно лекување.
 
Полицијата извршила увид и го расчистува случајот.