Македонија
9. August 2018 - 13:33

Отишол на одмор во Охрид, завршил во болница

Вчера во 15.45 часот во Пoлициската станица Охрид, било пријавено дека во пекара на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, по вербална расправија, настанала и физичка пресметка меѓу лицата О.М. (27) од Прилеп, со престојувалиште во Охрид, и Д.Д. (39) од Радовиш, со престојувалиште во Охрид. Притоа, О.М. се заканувал со дрво , а Д.Д. со нож. Во еден момент О.М. со десната рака го фатил сечивото од ножот и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде бил задржан на лекување.