Свет
27. November 2017 - 11:53

Отишол на лекар поради неподносливи болки, а кога лекарите му го отвориле стомакот се шокирале

Пациент поради големи болки ја посетил локалната болница, а кога хирурзите го отвориле неговиот стомак следела неверојатна глетка. 
 
35-годишниот Максуд Кан од Индија  е примен во болница со болки во стомакот. Лекарите утврдиле дека веднаш на човекот треба да му се направи ендоскопија за да ја утврдат причината. 
 
Глетката ги шокираше и оние најискусните, а откриено е дека пациентот во стомакот има повеќе од стотина ковани пари, килограм ипол шајки, повеќе од десетина жилети, неколку парчиња стакла, камења и парче од зарѓан ланец. 
 
Со операцијата се остранети седум килограми страни предмети, пишуваат тамошните медиуми. 
 
Исто така тие наведуваат дека Кан имал ментални проблеми и дека на смејството и пријателите не им зборувал ништо за својата навика. 
 
- Операцијата е направена во последен момент бидејќи неколку шајки го пробиле ѕидот на стомакот, што тоа предизвикало крварење, рекол еден од докторите кој го оперирал Кан. 
 
Погледнете во продолжение...