Живот
29. March 2017 - 8:55

Отишла на гинеколог не знаела дали треба да се смее или пак да плаче - "Госпоѓице имате тумор на пенисот"

Девојка од Ниш ја доживеала најнепријатната ситуација на гинеколог, по која не знаела дали треба да се смее или пак да плаче.
 
Девојка чиј идентитет не се открива, за српскиот Блиц раскажува дека по завршениот гинеколошки преглед на кој отишла, кога стигнале резултатите сите се фатиле за глава. Имено, гинекологот наместо да стави шифра за генетски испитувања, ставил шифра дека девојката има „тумор на пенисот".
 
Кога ги прочитале резултатите дури и докторот почнал гласно да се смее.
 
Девојката откако дознала дека нејзината мајка има тумор на матката, решила да ги нарави сите потребни испитувања, но не ни очекувала дека ќе и најдат тумор на пенисот.
 
По овој немил настан девојката го променила гинекологот и вели дека не се враќа веќе во таа болница.