Живот
21. May 2017 - 14:52

Отиде во затвор како маж, а излезе како русокоса: Најголемиот американски шпион изгледа вака

Трансродниот војник на американската војска Челси Менинг излезе во средата од американскиот воен затвор седум години по апсењето поради кражба на доверливи документи и нивно предавање во Викиликс.

Тоа беше најголемо оддавање на доверливи документи во историјата на САД. Менинг е осудена на 35 години затвор, но во јануари, неколку дена пред истекот на мандатот, ја помилуваше тогашниот претседател Барак Обама.

Во време на извршувањето на кривичните дела Челси беше маж и се викаше Бредли Менинг, се до 2013 година кога побара да го смени полот.

Како американски војник на служба во Ирак, Менинг во 2010 година украде стотина тајни документи и ги испорача на Викиликс. Документите ги собрал работејќи како аналитичар во военото разузнавање.

 

Набрзо по изрекувањето на пресудата Менинг објави дека отсекогаш се чувствуал како жена, го сменил името и побарал хормонска терапија и операција за промена на полот и по излегувањето од затвор изгледа вака.