Балкан
19. February 2016 - 10:17

Отфрлено барањето на бугарската опозиција

Бугарскиот Парламент денеска го отфрли барањето на опозицијата за изгласување недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов. 

Барањето на опозицијата е отфрлено со 130 гласови, 80 пратеници се изјасија „за“, додека петмина беа воздржани, јави Танјуг. 

Коалициската Влада на Борисов, која е на власт од ноември 2014 година, нема апсолутно мнозинство, но има поддршка од две помали партии. 

Опозицијата ја обвини Владата дека не ги спровела реформите на здравствениот систем, како и поради преземање чекори, кои би довеле до затворање на болници.