Свет
20. September 2019 - 8:44

ОН: Отфрлена руско-кинеската нацрт резолуција за Сирија

Повеќето членки на Советот за безбедност на ОН ја отфрлија руско-кинеската нацрт резолуција за решавање на ситуацијата во сириската провинција Идлиб.

Вкупно девет земји гласаа против документот што го предложија Русија и Кина, а воздржани биле Брегот на Слоновата Коска, Екваторијална Гвинеја, Јужна Африка и Индонезија.

Со нацрт резолуцијата се повикуваат ОН да го поддржат примирјето од 31 август во Идлиб и се нагласува дека прекинот на огнот не може да опфати операции против преостанатите терористички групи кои се активни во Сирија.

Претходно, Русија и Кина гласаа против резолуцијата на Белгија, Германија и Кувајт за прекин на огнот во Идлиб. „За“ резолуцијата гласаа 12 земји членки Советот за безбедност на Обединети нации.Според нацрт резолуцијата на Белгија, Германија и Кувајт, сите страни се повикуваат на прекин на огнот на 21 септември на пладне по сириско време. Со документот се бараше и почитување на меѓународното хуманитарно право и обезбедување на хуманитарен пристап.