Македонија
20. March 2016 - 23:29

Отчет на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“

150 илјади нови работни места отворени во изминатите 10 години. Зголемување на плати, пензии, субвенции за земјоделците, поволности за привлекување странски инвестиции, изградба на автопати, реформи , инвестиции во здравството и образованието. Овие и уште многу други дела презентирани во отчетот на владејачката ВМРО ДПМНЕ пред преполната спортска сала во Аеродром. Според лидерот на партијата Никола Груевски овој отчет е доказ дека тие се поразлични од другите политичари. Мерките, проектите и  реформите спроведени во изминатите години се остварување на она што го ветиле пред граѓаните и со кој значително се подобрил квалитетот на секојдневниот живот.

Отчет за сработеното и идните проекти пред граѓаните зборуваа и актуелните министри и  директори на институции. Намалувањето на стапката на невработеност беше потенцирана како досегашен најголем успех. И покрај двете економски и домашната политичка криза , Македонија успешно работеше на подобрување на домашната економија.

Се воведоа низа мерки за подобрување на бизнис климата во земјава. Со тоа голем број на странски компании ја ставија Макеоднија на мапата на земји за инвестирање. За десет години во Македонија влегоа 2,6 милијарди евра странски капитал. Извозот пак од ТИРЗ зоните достигна една ипол милијарда евра. Владата на ВМРО-ДПМНЕ креираше посебни тимови кои на терен преку директни средби не само со граѓаните, туку и со компаниите , зборуваат за проблемите со кои се соочуваат и ги слушаат нивните предлози и барања  и за истите се наоѓаат решенија. Од  партијата  ветија пред  граѓаните дека и во иднина ќе  продлжат да работата со исттото темпо. Најавија нови фабрики и отворање на нови работни места.