Македонија
27. July 2017 - 9:05

Отчет на Талат Џафери за сработеното во првите 100 дена

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска ќе информира за сработеното во изминатите 100 дена.

Џафери на прес-конференција, освен за активностите од стапувањето на функцијата претседател на Законодавниот дом, ќе се осврне и на идните задачи кои, како што соопшти неговиот Кабинет, стојат пред пратениците, а се насочени пред се кон исполнување на обврските на Собранието кои произлегуваат од Планот 3-6-9.