Македонија
21. August 2017 - 16:31

Отчет на скопскиот градоначалник Коце Трајановски – ќе бара уште еден мандат од граѓаните

Нови паркиралишта, системи за водоснабдување и одведување отпадни води, обнова на училишта – ова се дел од 100-тина проекти кои Градот Скопје ги реализираше во изминатите четири години.

Градоначалникот Коце Трајановски, денеска даде отчет за сработеното. Вели дека се инвестирало во сите 10 скопски општини а градот најмногу инвестирал во унапредување на сообраќајот.

Градоначалникот Трајановски вели дека во изминатиот четиригодишен мандат, набавени се електромобили, а со проектот Скопје велоград, формирани се 30 километри велосипедски патеки.

Од почетокот на годинава пак со воведувањето на електронската картичка, унапреден е  јавниот градски превоз..

Отчетот на Трајановски доаѓа на крајот од вториот градоначалнички мандат.. Запрашан дали ќе побара доверба од граѓаните за дополнителни четири години, вели дека е се уште рано за тоа.