Отчет на градоначалникот на Виница
За четири години усапеавме да реализираме голем број проекти на полето на инфраструктурата, економијата, образованието, културата, социјалната заштита, комуналните дејности, спортот и невладиниот сектор, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Виница Емил Дончев.
– Во Виница со отварањето на индустриската зона се обезбедија градежни парцели за 11 индустриски капацитети, а во неа е отворена австриската инвестиција на текстичлната фабрика „Текспорт“ со капитал од 1,5 милион евра и вработување на 200 луѓе. За четири години се реализирани над 100 проекти за подобрување на инфраструктурата, реконструирани се голем дел од патните правци во градот и населените места, изградена канализациона мрежа и подобрено е водоснабдувањето во населните места, истакна Дончев.
Донесени се, истакна тој, урбанистички планови во општина Виница со вкупна површина од 609,75 ха, направена е реконструкција на мостовите на река Брегалница и на Градечка Река.
- По долги години најава обновен е возниот парк на јавното комунално претпријатие „Солидарност“, изградена е градска капела, пензионерите од село Истибање добија свои простории за претсој и работа, а за престој на децата и нивен опфат изградена е детска градинка во село Трсино и село Истибање, рече Дончев.
На полето на културата, исто така, постигнавме одредени резултати, истакна Дончев. Повеќе од три децении го финансираме и реализираме меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ со учество на ансамбли од целиот свет, како и фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“.
- Во делот на заштитата на културното наследство, отворена е нова музејска поставка во музејот „Теракота“ со пердмети и артефакти од археолошкиот локалитет „Коколов рид“, а продлжи и меѓународната соработка со збратимени градови од Бугарија и Турција, истакна Дончев.
Ново на Сител
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени