Македонија
23. August 2017 - 14:50

Отчет на градоначалникот на Виница

За четири години усапеавме да реализираме голем број проекти на полето на инфраструктурата, економијата, образованието, културата, социјалната заштита, комуналните дејности, спортот и невладиниот сектор, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Виница Емил Дончев.

– Во Виница со отварањето на индустриската зона се обезбедија градежни парцели за 11 индустриски капацитети, а во неа е отворена австриската инвестиција на текстичлната фабрика „Текспорт“ со капитал од 1,5 милион евра и вработување на 200 луѓе. За четири години се реализирани над 100 проекти  за подобрување на инфраструктурата, реконструирани се голем дел од патните правци во градот и населените места, изградена канализациона мрежа и подобрено е водоснабдувањето во населните места, истакна Дончев.

Донесени се, истакна тој, урбанистички планови во општина Виница со вкупна површина од 609,75 ха, направена е реконструкција на мостовите на река Брегалница и на Градечка Река.

- По долги  години најава обновен е возниот парк на јавното комунално претпријатие „Солидарност“, изградена е градска капела,  пензионерите од село Истибање добија свои простории за претсој и работа, а за престој на децата и нивен опфат изградена е детска градинка во село Трсино и село Истибање, рече Дончев.

На полето на културата, исто така, постигнавме одредени резултати, истакна Дончев. Повеќе од три децении го финансираме и реализираме меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ со учество на ансамбли од целиот свет, како и фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“.

- Во делот на заштитата на културното наследство, отворена е нова музејска поставка во музејот „Теракота“  со пердмети и артефакти од археолошкиот локалитет „Коколов рид“, а продлжи и меѓународната соработка со збратимени градови од Бугарија и Турција, истакна Дончев.