Македонија
4. April 2016 - 16:45

Отчет на градоначалникот на Охрид

Реконструкција и изградба на нови патишта, улици ,плоштади, пешачки и рекреативни патеки се само дел од инфраструктурните зафати во Охрид и приградските населби а наскоро ќе отпочнат со изградба и трите големи проекти затворен пазар, нова автобуска станица, и дом за стари лица.

Врвен приоритет останува отворањето на нови работни места.  Со проширувањето на ОДВ Елекрик се поголем број на охриѓани се вработуваат во оваа компанија.

Градоначалникот Бакрачевски во својот отчет за тригодишниот мандат  потенцира дека општината била затекната  во тотален финансиски хаос, на работ на банкрот но со домаќинско работење вкупниот долг е намален за над 567 милиони денари и најави дека локалната и во наредниот период ќе продолжи со несмален интензитет да го гради Охрид .