Македонија
27. April 2016 - 16:51

Освежување на временската прогноза на Сител

Од вечерва препознатливиот презентерски тим на временската прогноза на Сител е засилен со нова колешка.

Станува збор за Анкица Јосифовска - Ангелковска која заедно со колегите Љубиша Ристески и Трајче Андонов ќе ја презентира временската прогноза на Сител.

За временските прилики и неприлики, секогаш навремено и точно информирајте се во блокот Временска прогноза која се емитува секоја вечер на Сител по Дневникот 1 и 2.