Македонија
4. September 2016 - 16:54

Осветени новите конаци на „Свети Стефан“ во Охрид

Охридскиот манастир Свети Стефан доби нови конаци во кои ќе може да отседнуваат православните верници но и сите посетители и туристи. Чинот на осветувањето го изврши митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј во сослужение со повеќе свештенослужители. Пред изградбата на конаците, обновена е надворешната фасада на пештерната црква а реновирана е и камбанаријата.

Новоизградените конаци се од отворен тип и бројат 20 апартмани со 57 легла за сместување.Со местоположбата која нуди прекрасен поглед на езерото се развива манастирскиот туризам кој е доста привлечен за посетителите.

Ова е единствената пештерна црква во Македонија посветена на првиот христијански маченик Архиѓаконот Стефан .Инаку она што е посебно карактеристично е божјото око насликано пред самиот влез во центарот на сводот на малата купола, според народните верувања тоа има чудотворна моќ па затоа голем број верници од земјава и странство доаѓаат тука.