Свет
20. November 2015 - 19:22

Освета за нашите и за Париз: Русија ги уништува исламистите како никогаш до сега!

Пораките на смртоносните проектили се посветени на жртвите во двата терористичките напади, масакрот во Париз и рушењето на рускиот патнички авион во кои исламистите убија повеќе од 350 луѓе.

Руската авијација изведе серија на напади на позиции на Исламската држава во Сирија, а на бомбите со кои ги бомбардирале напишале "За нашите" и "За Париз".

Пораките на бомбите не се новост, а овој обичај датира од периодот на Втората светска војна.