Свет
5. November 2016 - 10:07

Осумнаесет лица загинаа при експлозија на две бомби во Ирак

Осумнаесет луѓе загинаа во експлозија на две бомби на пат, по кој минувал конвој со ирачки бегалци од градот Хавиџа, кој е под контрола на џихадистичката група Исламска држава, соопшти полицијата.

Меѓу загинатите 17 лица се бегалци и еден полицаец.

Хавиџа се наоѓа на 120 километри од градот Мосул, кој е упориште на ИД.