-->
-->
Осуммина загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан
-->
Најмалку осум луѓе загинаа, а 26 се повредени кога жена бомбаш-самоубиец се разнесе пред болница во пакистанскиот град Дера Исмаил Кан.
Одговорноста за нападот ја презеде групата позната како Пакистански талибанци, чиј портпарол Мухамед Курасани истакна дека станува збор за одмазда поради убиство на двајца талибанци пред еден месец.
Нападот се случил откако се убиени двајца полицајци на контролен пункт во градот.
– Кога нивните тела се однесени в болница, бомбашот за кој се претпоставува дека е жена во бурка, го активирала експлозивот, изјави локален полицаец.
Во експлозијата е уништен ургентниот оддел на болницата, поради што некои од повредените се пренесени во други градови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите