Свет
5. February 2018 - 8:54

Осуммина загинати, 58 лица повредени при напад во Јемен

Најмалку осум лица загинаа при воздушен напад на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз зграда на полицијата во Сана, која е под контрола на бунтовниците, тврдат јеменските Хути бунтовници.

Како што наведуваат, меѓу загинатите во нападот е едно дете, додека 58 се повредени.   

Според официјални безбедносни лица и очевидци, повеќето од загинатите се цивили.