-->
-->
Осуммина удавени во несреќа во Пакистан
-->
Осум патници загинале, а неколкумина се сметаат за исчезнати кога мал дрвен чамец потонал во Пакистан поради преоптоварување.
Пакистанската полиција соопшти дека чамецот се наведнал на едната страна, се наполнил со вода и потонал во реката Сутлеј, во близина на градот Дибалпур.
Локалните медиуми соопштуваат дека повеќето од 35 патници, се враќале од еден погреб. Спасени се 10 патници и во тек е потрага по исчезнатите.
Ваквите несреќи се вообичаени во Пакистан, каде дрвени чамци често се користат за превоз на стока и луѓе, а повеќето немаат соодветни елеци за спасување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк