Свет
14. February 2017 - 9:59

Осуммина рудари загинаа во експлозија во Кина

Осуммина рудари загинаа, а тројца се повредени во експлозија, која се случи изутринава во рудник за јаглен во централна Кина.

Експлозијата се случила околу 1:30 часот во кинеската провинција Хунан, а 18 рудари успеале да побегнат. 

Причините за експлозијата не се познати, но се претпоставува дека станува збор за експлозија на гас, што е честа појава во рудниците поради искрите.

Кина е најголем произведувач и корисник на јаглен, меѓутоа во нејзините рудници животот го губат стотици рудари годишно.