Живот
5. December 2018 - 22:33

Осумчасовното работно време е „смрт“ за организмот

Во изминатите неколку години повеќе студии се занимаваа со темата осумчасовно работно време, за кое се установи дека едноставно не функционира. Резултатите од овие студии покажаа дека должината на траењето на работното време нема никаква врска со ефикасноста и продуктивноста. Па тогаш од каде произлегла темата за осумчасовно работно време?

Кампањата ја покренал социјалниот реформатор Роберт Овен во 1810 година во време кога фабриките работеле по 24 часа, а работниците најчесто работеле по 10 до 15 часа на ден. Тогаш Овен го измислил слоганот „Осум часа работа, осум часа одмор, осум часа спиење“, а во 1926 година, повеќе од еден век подоцна, компанијата „Форд мотор“ стана правата компанија што воведе три смени во работењето, со осумчасовно работно време, при што двојно ги зголемила платите на вработените.

Денес, осумчасовното работно време дефинитивно е застарен концепт.

Истражувачот на циклусите на сонот, Натаниел Клејтман, открил нешто што се нарекува „основен циклус на одмарање“, сфаќајќи дека нашите тела функционираат на дваесетминутен период во текот на ноќта меѓу длабок и лесен сон. Тоа истото се случува и во текот на денот, нашата повисока и пониска будност се менуваат во истиот период, па затоа ни се потребни повеќе паузи за да бидеме попродуктивни.

Доктор Трејвис Брејдери ја предложил следнава алтернатива: идеалниот однос меѓу работењето и одморот би бил: 52 минути работа и 17 минути одмор. Луѓето што вака го одржувале овој баланс имале завидно ниво на фокусираност на работата.

Новинарот Овен Џонс предложил да се работи четири дена неделно, а неговиот колега од „Гардијан“ ја застапува идејата за четиричасовен работен ден.