Свет
5. October 2015 - 11:08

Осум жртви во поплавите во Северна и Јужна Каролина

Поплавите во Северна и Јужна Каролина однесоа седум човечки животи, додека стотици лица се спасени од надојдената вода по повеќедневните поројни дождови, кои ги поплавија патиштата, предизвикаа стотици сообраќајни несреќи и претставуваат закана за населението, кое ќе остане без вода за пиење. 

Во Јужна Каролина шест смртни случаи се поврзани со временските услови од кои четири лица се жртви на сообраќајни неесреќи, додека уште два смртни случаи се пријавени во Северна Каролина.

На меѓудржавниот автопат, кој ги поврзува двете американски држави сообраќајната патрола пријави 315 судари, а 318 патишта се поплавени. 

Дождовите ги поплавија и автопатиштата долж брегот на Северна Каролина меѓу Чарлстон и Џорџтаун, град од девет илјади жители, кој е воглавно под вода, додека четирите главни патни правци, кои водат во градот се под вода, така што тие се затворени за сообраќај. 

Спроведени се стотици спасувачки операции и осум спасувачки екипи се уште се во акција, со очекување дека ќе им се придружат тимовите од другите американски држави, соопшти Управата за вонредни ситуации на Јужна Каролина. 

Гувернерката на Јужна Каролина Ники Халеј оцени дека станува збор за поплави, кои се случуваат еднаш во илјада години. 

Американскиот претседател Барак Обама за време на викендот прогласи вонредна состојба во Јужна Каролина поради постојаните врнежи.