Осум земји на еврозоната под лупа на ЕК поради националните буџети
Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Финска, Словачка, Словенија и Португалија презентирале национални буџети кои се на раб на непочитување на правилата на еврозоната, предупреди Европската Комисија.
Овие осум земји имаат до идната пролет да ги коригираат нацрт-буџетите и да презентираат ревидирани верзии до Европската Комисија за да избегнат ситуација во која би ги прекршиле начелата на Пактот за стабилност и раст на еврозоната.
Во најкритична состојба се Белгија, Шпанија, Франција и Италија поради стапката на задолженост. Стапката на првите три е некаде под сто отсто од БДП, додека Италија веќе подолго време ја надминува стапката од сто отсто.
Комесарите задолжени за економски и финансиски прашања, Валдис Домбровскис и Пјер Московиси, предупредија дека состојбата е загрижувачка затоа што висока стапка на задолженост го ослабнува капацитетот на државите да се справат со можни макроекономски шокови.
Што се однесува до Италија, Европската Комисија повтори дека земјата треба да се справи со структурните проблеми на својата економија. Од Франција исто така се бараат „поголеми суштински структурни напори“, рекоа комесарите.
Ново на Сител
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот