-->
-->
Осум сообраќајки во Скопје, мотоциклист тешко повреден
-->
Возач на мотоцикл се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно осум сообраќајки случени во текот на изминатиот ден. Во една сообраќајка било полесно повредено едно лице, а во шест била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, како и четворица возачи за не користење на заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл. Санкционирани биле и 18 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 10 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и 10 нерегистрирани возила. Затекнати биле 54 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 59 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „8 Март“’, објект „Расадник“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
Од МВР информираат дека денеска ќе се одржи и посебна воспитна мерка – сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите