Осум сообраќајки вчера во Скопје, тешко повреден мотоциклист
Возач на мотоцикл е тешко повреден, а шест лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно осум евидентирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Три сообраќајки се со последица материјална штета.
Како што информираат за МИА од СВР Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 11 возачи за брзина поголема од дозволената, двајца кои поминале на црвено сметло на семафор, седум при возење користеле мобилен телефон, десет биле без возачка дозвола односно со нерегистрирани возила, а 29 за непрописно паркирање возила.
Вработените во МЗТ Леарница АД Скопје денеска со почеток во 12 часот ќе оддржат протест пред Собранието и пред Владата на бул. „Илинден“ и пред други објекти во централното градско подрачје.
Утре во 17:30 мин во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра маѓународен ракометен натпревар помеѓу ракометниот клуб „Вардар“ и „Рајнекен левен“ од Германија. Натпревар во Лигата на шампиони е најавен и за задутре со почеток во 17:30 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ помеѓу РК „Металург“ и РК „Татран Прешов“.
Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот СВР Скопје најавува дека ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а доколку има потреба сообраќајот може да биде пренасочен.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024