Македонија
1. December 2015 - 9:17

Осум сообраќајки вчера во Скопје, четири лица повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на товарно моторно возило и двајца сопатници.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Сообраќајката се случила во 2 часот и 50 минути на ул. „1“ во село Батинци во која патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје кое од непознати причини со возилото излегол надвор од коловозот и со предниот дел удрил во паркирана полуприколка без регистарски таблички паркирана од непознато лице, а потоа со возилото од левата страна удрил во метален столб од улично осветлување. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило, а со телесни повреди сопатникот кои со возило на Брза помош се пренесени во Ургентен центар и по укажаната помош возачот бил задржан на понатамошно лекување.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Војдан Чернодрински“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош и во ОУ „Кочо Рацин“ во општина Центар.

Денеска со почеток во 10 часот поранешните вработени во ОХИС ќе одржат мирен протест пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.

Сообраќајната полиција утре за време на одржување на акцијата „Денот на дрвото“, ќе бидат преземе мерки за безбедно одвивање на сообраќајот и успешна реализација на акцијата. Притоа на локациите на кои се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, било пешачки или моторен, ќе бидат поставени полициски службеници. Од сообраќајната полиција апелираат сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се однесуваат толерантно и заеднички да придонесат за успешно одвивање на акцијата.