Осум пожари во Скопје за новогодишната ноќ
Осум пожари се регистрирани на територијата на Скопје за време на новогодишната ноќ. Како што велат за МИА од Територијалната противпожарна единица, дежурните екипи интревенирале од 19 часот вчера до седум утрово.
Повредени нема, причинета е само материјална штета.
„Пожари предизвикани од запалени контејнери имаше на „Партизанска“ во општина Карпош, како и на улиците „4 Јули“ во Ѓорче Петров, на „Вуковарска“ во Чаир и на „Јани Лукровски“ во Автокоманда, на улицата „Марко Орешковиќ“ во Кисела Вода регистриран беше пожар предизвикан од оџак, поради електрична бандера се интервенираше и во село Глумово, Општина Сарај, а од сува трева гореше и на „Радишанска“ во општина Бутел“, информира Територијалната противпожарна единица.
Штетата од изгорените контејнери се проценува на околу 60.000 денари.
Ново на Сител
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени