Loading Video...
Свет
14. January 2018 - 16:38

Осум мртви и десетици повредени во пожар во Португалија

Во пожар кој синоќа зафатил еден кат од зграда во центарот на португалскиот град Тондела, околу 250 километри северно од Лисабон, загинаа осум лица, а над педесетина се повредени. 

Во зградата се одржуваше турнир во популарна португалска ирга со карти, во која учествувале 70 луѓе.

Пожарот избил во просторија на повисоките катови од зградата, а причина е експлозија на печка на дрва.

Пожарот е изгасен за еден час, а во гасењето  и спасување на повредените учествувале повеќе од 170 пожарникари, и три хеликоптери со кои повредените се префрлени во болница.