Технологија
4. November 2020 - 9:18

Осум милиони Романци редовно играат видеоигри

Речиси осум милиони Романци редовно играат видеоигри на своите паметни телефони, конзоли или таблети – ова го покажува истражувањето на пазарот во Романија спроведено од Асоцијацијата за развој на видеоигри за потребите наконференцијата за видеодизајнери – Дев.плеј.2020.

Од 7,9 милиони гејмери на возраст од 15 до 64 години, 52 насто се мажи, а 48 насто – жени. Според резултатите од истражувањето, 39 проценти од корисниците на видеоигри имаат високо образование, а 48 отсто се во брак или во вонбрачна заедница.