Осум милиони евра на располагање на општините за инфраструктурни проекти
Општините од денеска ќе можат да аплицираат со нови капитални проекти за осум милиони евра средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги. Министерството за финансии објави јавен повик за доделување нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската банка.
Со овие осум милиони евра, соопшти денеска Министерството за финансии, општините ќе можат да финансираат проекти како изградба и реконструкција на систем за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, локална патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриски зони и слични проекти. Преку Проектот за подобрување на општинските услуги, се подвлекува, се настојува прво граѓаните да добијат подобри општински услуги и второ да се развие локалната економија.
- Илјадници граѓани во Македонија добиваат подобри услуги од својата општина благодарение на овој проект. Годишно, тоа се десетици километри нови или реконструирани локални улици, изградена или реконструирана водоводна мрежа, реконструирани речни корита, градинки, домови на култура, општински згради итн. Ова се реални проекти, со реални вредности за граѓаните, истакнал министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето на договори за капитални инвестиции со шест општини во рамки на овој проект, стои во соопштението.
Само преку овој проект, на годишно ниво, од јуни 2017 до јуни 2018 година, реализирани се 72 капитални проекта во 41 општина.
Проектот за подобрување на општинските услуги го спрoведува Министерството за финансии. Тој е поддржан од Светска банка со вкупен фонд од 81,1 милион евра и ИПА грант средства за рурален развој од ЕУ во износ од 14,6 милиони евра. Целта на проектот покрај подобрување на општинските услуги е и зајакнување на капацитетите на општинската администрација за имплементирање на проектите.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.