Фудбал
30. July 2018 - 10:20

Осум месеци ја криеја снимката: Ова е средбата на Меси со синот на противничкиот фудбалер, реакцијата на детето ќе ве воодушеви

Мексиканскиот репрезентативец од Бетис Андрес Гвардадо го одведе својот син Максим да го запознаел Лионел Меси.

Малку е да се каже дека детето било пресреќно поради средбата со идолот.

Сето тоа е забележано со камера, но снимката, направена уште во јануари оваа година, дури сега се појави во јавност.

Барса тогаш го декласираше Бетис (5:0), но на Максим не му сметаше што татко му доживеа убедлив пораз, зошто бил возбуден поради запознавањето со Меси.

Лео излегол од соблекувалната и го зел детето во раце.

„Имам слика со Меси, имам слика со Меси“, извика Максим.

Семејството на мексиканскиот фудбалер не сакал таа снимка да се види, меѓутоа е употребена во докуметарец кој ќе биде емитуван наскоро. Затоа сопругата на Гвардадо малку порано ја пушти во етер.