Свет
26. November 2015 - 9:38

Осум лица загинаа во пад на хеликоптер во Сибир

Најмалку осум лица загинаа во пад на хеликоптер Ми-8 на подрачјето на Краснојарската покраина во источен Сибир, додека 17 преживеаја, соопштија локалните власти.

- Во хеликоптерот се наоѓаа 22 патници и тројца членови на екипажот. Според прелиминарните податоци осум лица загинаа, додека другите се повредени, изјави претставник на локалната полиција, јави ТАСС.

Хеликоптерот паднал на тешко достапен терен, е леталото е речиси целосно уништено.

Во тек е евакуација на повредените со помош на специјални возила за снег.