Македонија
20. August 2018 - 14:13

Осум Иранци однесени во Лојане, еве како биле криумчарени

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(22) од село Никуштак, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 19 август во 07,30 часот во Куманово во атарот на село Лојане, од страна на полициски службеници забележано е патничко моторно возило „Опел Вектра“ управувано од пријавениот како се движи кон село Ваксинце и истото на даден знак ,,СТОП,, , не застанало. По кратко време возилото е сопрено и при извршени проверки во возилото се пронајдени осум мигранти од Иран.

Мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје за понатамошна постапка.