Македонија
12. January 2016 - 8:55

Осум години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

По повод навршувањето осум години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ, денеска ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата пред Командата на ВБР во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце.

Почит на загинатите ќе им оддадат делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, вбр, како и  членови на нивните семејства.