Свет
14. February 2018 - 13:44

Осум држави го изгубија правото на глас во ОН

Осум држави не можат да гласаат во Генералното собрание на Обединети нации поради долгови од неколку милиони долари кон Светската организација.

Либија, Венецуела, Централноафриканса Република, Доминиканска Република, Маршалски Острови, Суринам, Јемен и Екваторијална Гвинеја го изгубија правото на глас во ГС на ОН. 

Обединети нации

ГС на ОН одлучи Комори, Сомалија, Гвинеја Бисао, како и Сао Томе и Принципе да го задржат правото на глас и покрај тоа што имаат долг.

Венецуела и Либија третпат во последните три години не можат да гласаат поради долговите. Венецуела треба да плати најмалку 25.200.295 долари за да го врати правото на глас, додека Либија должи 6.594.842 долари.