Свет
9. October 2016 - 10:14

Осум авганистански војници загинаа во пад на хеликоптер

Осум авганистански војници загинаа во пад на воен хеликоптер во јужната провинција Багхлан, соопштија авганистанските власти.

Портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана Давлат Вазири изјави дека загинале петте членови на екипажот на хеликоптерот и тројца патници, авганистански војници. 

Хеликоптерот летал кон областа Данд Гори на рутата за редовно снабдување на воена база. Вазири тврди дека причина за падот е технички дефект.

Портпаролот на талибанците од истата област Забихулах Муџахид тврди дека неговите единици го урнале хеликоптерот со отварање оган од земја.