Осудениот Војминовски за нападот на Села не бил пронајден дома, издадена наредба за распишување потерница
На Никола Војминовски, осуден на 13 ипол години затвор за нападот на пратеникот Зијадин Села, судот денеска му одреди мерка „притвор“ откако не беше пронајден дома при извршениот надзор од полицијата. Издадена е и наредба за распишување на интерна и меѓународна потерница.
– Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинетиот Н.В. осуден со неправосилна пресуда во предметот со К.бр 1893/17, ја информираме јавноста дека надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата, во јули 2018 година, при изрекување на првостепената пресуда, а по предлог на надлежниот Јавен обвинител, го извести судот дека обвинетиот не се придржувал до определената мерка, се наведува во соопштението што попладнево го испрати Основниот суд Скопје 1.
Покрај Војминовски, за нападот врз пратеникот Зијадин Села осудени се и Кире Ѓорѓиевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицев, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање