Македонија
22. January 2019 - 16:26

Осуденик се обеси во затворот во Идризово

Осуденик кој одлежувал четири годишна затворска казна си го одзеде животот во Идризово.. Од управата на затворот велат дека 47 годишниот Горан Николовски од Кавадарци се обесил со ремен.. Случајот вчера околу 15 часот го пријавиле останатите затвореници кои веднаш го отстраниле ременот од вратот на Горан.. По ова тој бил испратен во болница но починал на пат кон клиничкиот центар Мајка Тереза.. Директорот на затворот Идризово вели дека осуденикот по втор пат одлежувал затворска казна.. Таму бил сместен од мај минатата година но во изминатиот период тој ретко имал посетуван..

За случајот бил известен јавен обвинител кој наредил обдукција на телото на починатиот.. Од полицијата велат дека се превземаат мери за расчистување на настанот..