Осудена соработничката на поранешната јужнокорејска претседателка | Сител Телевизија
Свет
13. February 2018 - 11:36

Осудена соработничката на поранешната јужнокорејска претседателка

 - Чои Сун-сил, блиската соработничка и пријателка на поранешната претседателка претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, осудена е на 20 години затвор поради злоупотреба на положбата, корупција и други обвиненија.

Судот потврди и дека Чои мора да плати казна во висина од 17 милиони долари.

Во пресудата се посочува дека Чои ги злоупотребила блиските врски со поранешната јужнокорејска претседателка за да оствари лична корист. Чои е обвинета за изнудување на пари  и примање на мито од големи компанииод, меѓу кои се спомнува и името на Самсунг.

Поранешната претседателка Парк Геун-хје е уапсена по политичкиот скандал за корупција, што доведе до нејзина смена.