Loading Video...
Балкан
26. December 2019 - 16:38

Осуден педофил киднапирал 12 годишно девојче во Србија

Српската полиција трага по 12 годишното девојчето Моника Каримановиќ која исчезна пред 6 дена. Во потрагата во околината на Ниш, се вклучени над 200 полицајци.  

Надлежните се сомневаат дека педофилот Нинослав Јовановиќ го грабнал девојчето. Соседите и поширокото семјество на јовановиќ велат дека ваков човек не смеелслободно да шета на улица.

За мене ова е трагично како негов татко. Не требаше да го пуштаат на слобода. Да можев, јас би му пресудил.

Осомничениот го знам од претходно. Доаѓаше на слава,  ни помагаше, ми сечеше дрва.

Во потрагата се вклучени хеликоптерски единици и трагачи на кучиња, а се користени и термални камери. Девојчето исчезнало минатиот петок.

Последен пат  е видена кога тргнала на училиште. Од тогаш и се губи трагата. Осомнилчениот грабнувач Јовановиќ е пуштен на условно, откако о одлежал 12 години во затвор поради силување.

Прекарот малчански бербер го добил, бидејќи живеел во Малчан, во близинана Ниш, а  ги потстрижувал жртвите пред да ги силува.