Loading Video...
Свет
27. November 2018 - 23:08

Оставки на првите луѓе на општините со мнозинско спрско население во северно Косово

Градоначалниците на 4 општини со мнозинско  српско население  во  северно Косово си поднесоа оставки поради како што соопштија дисктиминаторската политика на Приштина која е насочена против спрскиот народ. Станува збор за општините Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан. Општините усвоија   и заедничка  декларација за прекин на комуникацијата со  властите  во Приштина. Вака ќе биде се додека Приштина не ја смени политката кон косовксите срби изјави Горан Ракиќ , лидер на српската листа.