Македонија
24. May 2019 - 16:09

Оставката на Богоевски предизвика спротивни реакции кај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката СДСМ, по вчерашната оставка на пратеникот од нивната пратеничка група Павле Богоевски, бараат оставки од народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ кои се осудени или обвинети за криминал како дел од преѕходната власт. Велат дека со оставката на Богоевски покажале дека функцинерите на оваа власт се повлекуваат од фунциите кога постојат етички причини за тоа.

Кога пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието...каков е нвниот кредибилитет....

Костадинов ги повика сите пратеници да гласаат за одземањето на мандатот на пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски, иако како што рече народните избраници од редовите на ВМРО-ДПМННЕ прават се за да го заштитат криминалот на својот поранешен лидер.

За ВМРО-ДПМНЕ оставката на Богоевски е замајување на јавноста бидејки обвинителство не реагирало на тоа дека пратеникот порачува нелегална психотропна супстанца. Од опозциската партија велат дека гласањето за одземање на мандатот на Груевски не може да се доведува во корелација со оставката на Богоевски. 

Пратеникот Павле Богоевски вчера најави оставка од функцијата од морални причини откако пред 10-тина дена беше објавена снимка на која наводно се слуша како народниот избраник нарачува кокаин. По силните реакции во јавноста Богоевски излезе со тврдење дека се работи за набавка на масло од канабис поради болест на негова блиска личност. Оставката беше најавена на комисијата за мандатно имунитетни работи која тој ја води, а на која требаше да почне расправа за одземањето на мандатот на Груевски поради 6 месеци неоправдано отсуство. Богоевски ќе замине од Собранието по гласањето за мандатот на експремиерот.