Свет
27. January 2016 - 10:57

Оставка на француската министерка за правда

Француската министерка за правда Кристијан Тобира поденесе оставка на функцијата, соопшти денеска Елисејската палата, 

- Министерката за правда денеска на претседателот на Републиката му ја предаде оставката, која тој ја прифати. Тие се согласија дека е потребно таа да ја напушти функцијата во моментот кога во Националното собрание започнува дебатата за уставните промени, стои во соопштението на Елисејската палата.

- Претседателот на Републиката и изрази благодарност на Тобира за нејзината досегашна работа. Таа со решитечносѕ и успех ја спроведуваше реформата на судството и играше значајна улога во усвојувањето на законот за брак за сите, стои натаму во соопштението на Елисејската палата.

Како што јави дописникот на МИА, на местото на Тобира е назначен пратеникот Жан-Жак Урвоас, кој заедно со премиерот Мануел Валс ќе биде носител проектот за промени на Уставот, со кои треба да се зајакне борбата против организарниот криминал и за реформа на кривичното законодавтсво, која опфаќа и предлог за одземање на државјанства на лица кои имаат двојно државјанство во случај на вмешаност во терористички акции.

Ваквиот предлог доведе до поделба во владејачката левица, па дури и самата Тобира беше против него.

Инаку, Тобира во изминативе години како министер за правда често беше изложена на жестоки напади и критики, меѓу кои и поради нејзиното бранење за законот за „брак за сите“.